Logo

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп

Сребрен медал за Ивана
Ивана Мазнејкова освои сребрен медал на натпреварот за роботика „Робомак“

maznejkova robomakИвана Мазнејкова, трета од десно

Од 12 до 14 мај 2025 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје се одржа натпреварот „Robomac Junior“ во организација на ФЕИТ и Институтот за електроника (ИЕЕЕ). На натпреварот учествуваа 54 ученици од четврта година, поделени во 2 категории и во тимови по тројца ученици од различни училишта.

На натпреварот од нашата Гимназија учествуваа Ивана Мазнејкова, Марија Бардакоска, Сара Пројческа и Милена Сваќароска – ученици во четврта година под менторство на професорката Анета Стојческа.

Ивана Мазнејкова освои сребрен медал.

Во рамки на категоријата „Автономна мобилна роботика“ натпреварувачите имаа задача да програмираат и управуваат со мобилни Arduino роботи кои самостојно, брзо и прецизно требаше да ги решат зададените предизвици. Задачите вклучуваа избегнување на препреки, следење на патека и интелигентно паркирање.

robomak 25

Во категоријата „Паметна електроника за автономни возила“ учесниците се соочија со предизвикот да осмислат и развијат алгоритам за конкретна намена користејќи вградени компјутерски системи. Во процесот беа користени електронски сензори, електрични мотори и соодветни драјвери, а алгоритмот се програмираше на јазик погоден за Arduino платформи.robomak 25 ivana prilep

Двете категории бараа комбинација од техничко знаење, логичко размислување и практична примена на современи технологии, при што учениците ги демонстрираа своите вештини и креативност во областа на роботиката и вградливите системи.

Покрај натпреварот, настанот имаше и едукативен дел, каде професори и експерти одржаа кратки предавања за роботика, вештачка интелигенција и електроника.

 

Браво за Ивана и за менторот!


Објавено на: 27-07-2025

Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk

Copyright © 2010 - 2026

гимназија