
Меѓународната Олимпијада Менделеев се смета за најпрестижната и најтешката олимпијада по хемија. Годинава се одржа од 5 до 13 мај во Бело Хоризонте, Бразил, а на неа учествуваа 192 ученици од 40 земји.
Натпреварот трае седум дена и опфаќа три круга: два теоретски и еден практичен, секој во траење од по пет часа — вистински маратон на умот, знаењето и упорноста.
Македонскиот државен тим го сочинуваа:
Нашите млади хемичари Петар Мирчевски и Марио Ванчоски се вратија дома со бронзени медали – блескав успех во конкуренција со најдобрите умови од целиот свет.


Особено сме горди на Петар Мирчевски, ученик во нашата гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп, кој освои еден од бронзените медали. Петар веќе три години по ред не претставува на меѓународната хемиска сцена, со импресивен биланс од два бронзени и еден сребрен медал.

Училишен ментор на Петар му е професорот по хемија Блаже Димески.
Браво, Петар! Со твојата посветеност, знаење и скромност, ни покажуваш што значи вистинска ученичка извонредност и љубов кон науката. Нека ова биде поттик за сите идни генерации млади научници од Македонија!
Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk
Copyright © 2010 - 2026