МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

По вторпат награда за драмска изведба во Република Грција

Три писма, The three letters olimpia dion katerini theatre

     „Олимпија во Дион“ е традиционален меѓународен театарски фестивал во Република Грција кој уште од антички времиња се организирал во чест на Боговите кои живеат на планината Олимп, на музите и на античките драмски творци.
   Основна цел на фестивалот била негувањето на античката драма, но од поново време организаторот, заради осовременување на фестивалот, покрај традиционалната класична, вовел и современа драма.
   На фестивалот кој трае две недели, со свои претставници учествуваат колеџи, гимназии и други средни училишта од домаќинот, Република Грција и од други земји од целиот свет. Според прес конференцијата на организаторот, годинава имало рекорден број на пријавени театарски групи за учество, над 400, а примени биле околу 25. Меѓу нив беше и претставата на нашата Гимназија „Три писма“ работена по текст и во режија на професорот по драмски уметности и по англиски јазик, Маринко Шлакески, а во главниот лик е Леона Митревска, ученик во IV година.

   На 26 септември, пред бројната публика во театарот „МО“ во Катерини, драмата беше изведена на англиски јазик.

Леона Митревска - Три писма, Грција
Three letters Katerini Greece

   "The three letters" (Три писма) - е психолошка монодрама која третира сукцесивен распад на едно општество. Вистината на распадот главниот лик ја наоѓа во трите писма оставени во напуштената куќа на нејзината тетка, во еден стар зафрлен куфер, кој според зборовите на нејзината тетка, ја чува приказната и причината за тој распад. Во епилогот ќе биде инволвирана и Ема, главниот лик, со неможноста да ја напушти куќата и покрај нејзините обиди да излезе од кошмарот чиј интензитет се зголемува со секое прочитано писмо..

   За изведбата на „Три писма“ нашата претстава доби специјална награда од организаторот.

Награда за Леона Грција драма три писма Мермерна награда за Three Letters Greece 2018
Маринко награда за Три писма Грција Честитки за успешната претстава Три писма

сите театарот МО Θέατρο Μώ

   Нашите претставници се задоволни од соработката, приемот и беспрекорната организација на на овој престижен театарски фестивал, а посебно се благодарни за поддршката и професионалноста на персоналот од театарот „МО“ од Катерини.

   Ова е наше второ учество по ред на овој фестивал на кој минатата година со претставата „Лора“ на Грчки јазик постигнат беше голем успех и освоена беше награда за автентичност на драмски текст и за изведба.

 

Фотографии: Панајотис Фтарас ( Παναγιώτης Φτάρας )


Објавено на: 03 Окт 2018

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија